
Македонскиот шампион Струга Трим Лум се засили со уште едно ново име. Нов фудбалер на стружани е Стефан Јевтоски, кој треба да биде големо засилување во пресрет на европските натпревари кои ги очекуваат стружани во квалификациите за ЛШ.
Дефанзивниот играч за врска потпиша двегодишен договор, а во Струга Трим Лум доаѓа од унгарскиот тим Ујпешт.
„Стефан Јевтоски е следниот фудбалер кој ќе му се приклучи на шампионското семејство на Струга Трим Лум. 26-годишниот роден скопјанец доаѓа од редовите на унгарската тим Ујпешт, каде играше во последните три години. Интернационалната кариера ја започна како 19-годишник, кога од Металург замина во бугарскиот Локомотив Пловдив“, истакнаа од Струга Трим Лум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
