
Македонија посакува победа во првиот меч на домашен терен од новиот циклус за Лигата на нации. По ремито 1-1 со Фарски Острови во Торшавн имаше многу коментари, но Столе Димитриевски не сака да ги коментира и е фокусиран на утрешниот меч.
„Нормално е дека поранешните колеги имаат свое мислење, репрезентацијата е на сите нас. Јас како заменик капитен сум фокусиран и подготвен да го одработам мечот со Ерменија. Најважно за нас во моментот е да победиме за да може да ги задржиме шансите за првото место во групата. Во овој момент секако најважен е утрешниот меч“, истакна Димитриевски.
Тој не бега и одговорноста, дека поискусните во националниот тим треба да повлечат нога, а младите да ги следат.
„Ние поискусните треба да го повлечеме возот за помладите да се качат. Сите посакуваме да видиме една поинаква Македонија, најважно е утре да победиме. Тоа е во мислите на сите, на целата екипа“, потенцираше Столе Димитриевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета
