Connect with us

Стив Манданда ја заврши кариерата

Францускиот фудбалски голман Стив Манданда (40) во разговор за „Л’Екип“ објави крај на својата кариера.


„Ми беше потребно време да го прифатам тоа, пред сè затоа што не е лесно, но да – завршувам. Долго размислував бидејќи имав многу понуди, но секогаш одговарав со – не,“ изјави 40-годишниот голман, на кого во јуни му заврши договорот со Рен.

Кариерата ја започна во Ле Авр, а потоа во два наврати го бранеше голот на Олимпик Марсеј, настапуваше и за Кристал Палас и Рен.

За француската репрезентација запиша 35 настапи и беше дел од „триколорите“ кои во 2018 година го освоија Светското првенство, а четири години подоцна сребрениот медал на Мундијалот во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови