
Капитенот Стефан Ристовски по натпреварот не можеше да објасни како Македонија загуби. Од водство од 2-0 и одлична игра, до тотален колапс во вториот дел.
„Одигравме одлично прво полувреме и потоа ни се случи класичен македонски менталитет во продолжението. Паднавме целосно. Ова е психолошки шок за нас. Сега ни доаѓа меч со Англија, ќе одиме да одиграме најдобро што што знаеме. Но, мора од сето ова да извлечеме и поуки“, изјави СтефаН Ристовски на прес конференцијата.
За разлика од Македонија, Украинците патеа по првиот дел, но потоа избраниците на Сергеј Ребров заиграа според неговите желби и победија.
„Среќни сме поради триумфот. Ова беше неверојатно тежок натпревар. Ние како да го преспавме првото полувреме, но добро е што се разбудивме во продолжението од мечот. Македонија има одлични играчи, но ние успеавме да најдеме начин да го смениме ритамот во второто полувреме. Откако постигнавме прв гол, ни се врати надежта дека можеме да победиме“, изјави Сергеј Ребров.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
