
Работнички утре ги заокружува подготовките во Охрид и по пријателскиот натпревар против Пелистер, кој е закажан за во 12 часот во Струга, се враќа во Скопје. Тимот на Александар Влахо имаше одлични услови за работа и се чини дека ги искористи максимално квалитетно.
Спортскиот директор Горан Станковски е задоволен од условите што ги понуди Охрид во период кога поради пандемијата со коронавирусот Анталија ќе беше и ризична дестинација.
„Одлучивме оваа година да ги одработиме зимските подготовки во Македонија и се чини дека не погрешивме. Охрид ни понуди одлични услови за работа, во најголем период и не послужија и временските услови и мислам дека треба да бидеме задоволни. Ја заокружуваме оваа фаза од подготовките и утре, по тест – натпреварот со Пелистер, тимот се враќа во Скопје“, вели спортскиот директор за официјалниот сајт на клубот.
Работнички доведе и седум засилувања во зимскиот преоден рок. Ростерот е засилен со квалитетни фудбалери кои треба да го подигнат нивото на играта во пролетниот дел од сезоната.
„Успеавме да го засилиме тимот со квалитетни засилувања од домашното првенство. Мислам дека сме добро покриени на сите позиции и дека Работнички поседува одличен натпреварувачки потенцијал за вториот дел од сезоната. Се разбира, ќе бидеме будни до истекот на преодниот рок и соодветно ќе реагираме доколку се појави ситуација за ангажман на уште некој квалитетен фудбалер. Но,во глобала,и јас и стручниот штаб сме задоволни од тоа што Работнички во моментот го има на располагање“, истакнува Горан Станковски.
Експедицијата утре патува за Струга, каде од 12 часот ќе го игра пријателскиот натпревар со Пелистер, а потоа и продолжува за Скопје. Глазурата на формата ќе се одвива во клупската база.
Во првото пролетно коло „романтичарите“ му гостуваат на тимот на Академија Пандев во Струмица.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Илчо Ѓорѓиоски ќе биде нов тренер на Каламата

Евро-фудбал
Бенасер го пропушта дербито со Интер

Евро-фудбал
Квартет на Челси се враќа во ритам

Евро-фудбал
Мејсон Гринвуд ослободен од сите обвиненија

Евро-фудбал
Мбапе го пропушта мечот против Баерн во ЛШ?

Евро-фудбал
Лајпциг во четвртфиналето на Купот (ВИДЕО)
