Силен оптимизам владее во македонската репрезентација во очекување на дуелот против Словенија вечерва од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проевски“.
Оптимистички расположен е и фудбалерот од средниот ред Стефан Спировски кој на извонреден начин се врати во форма по трансферот во израелски Хапоел Тел Авив и подолгата пауза поради повреда за време на престојот во унгарски Ференцварош. Спировски е сигурен дека против Словенците ќе се даде максимумот во желбата за три бода.
„Не чека навистина важен натпревар по кој во финишот од квалификациите би се впуштиле и во трка за првите две позиции на табелата. Знаеме дека ќе биде тежок дуел но веруваме во себе и во нашите квалитете. Без сомнение атакуваме на победата на оваа средба и токму поради тоа ќе ни биде неопходна и поддршката од трибините. Посакувам полн стадион и заедничко славје на крајот“ – вели Спировски пред дуелот со Словенија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













