Фудбалската репрезентација на Македонија се аклиматизира на Исланд, вечерва на стадионот во Рејкјавик ќе го одржи и официјалниот тренинг, а играчот за врска Стефан Спировски гледа шанса за нашиот национален тим со добар резултат да направи чекор напред кон посакуваникот бараж за СП 2022.
„Ерменија добро се бранеше, за жал, не успеавме да постигнеме победнички погодок. Но, одиме понатаму, сега на ред е Исланд. Мислам дека добро се прилагодивме на начинот на игра што од нас го бара новиот селектор. Се надеваме дека на овој меч против Исланд ќе можеме да надоместиме. Со позитивен резултат, ќе можеме да ја стигнеме Ерменија и да направиме чекор напред кон тоа второ место. Ако ја тргнеме на страна Германија, мислам дека групата е израмнета и сите имаме шанси за второто место“, изјави Стефан Спировски.
Дуелот меѓу Исланд и Македонија се игра утревечер, со почеток во 18 часот, на стадионот во Рејкјавик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













