Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, ги коментираше неодамнешните настапи на неговиот тим, слабото издание против Барселона, како и битка за „скудетото“ во Серија А.
Вечерва „наполитанците“ му гостуваат на Лацио во Рим.
„Она што ме нервира е што не бевме на нашето ниво против Барселона. Досега оваа година ни недостигаше идентитетот што го имавме на почетокот на сезоната. Овој стил на игра бара квалитет. Ако не е така, може да се претвори во бумеранг кој ќе се врати да не повреди. Ако не можеме да ја контролираме топката и прецизно да ја играме одзади, ризикуваме да се разголиме и да примиме гол. Ни се случи тоа против Барселона“, објаснува Спалети.
Тренерот на Наполи вели дека сега тимот мора да додаде гас.
„Се води вистинска битка со многу тимови кои можат да се вратат во зоната за Лигата на шампионите и да се борат за титулата. Ги познавам моите играчи и тие се свесни за ситуацијата. Отсега мора да додадеме на гас. Сè уште зависи се од нас. Нема да кажам какви ни се шансите за титулата, точно е дека загубивме моментум, но имаме и многу ресурси кои можат да ни дадат решенија за многу проблеми. Играме со самодоверба, знаејќи дека ова е шанса што можеме да ја искористиме. Ова е пресудниот период и мора да решиме, дали сакаме да бидеме заборавени или да не паметат како херои“, потенцира Спалети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













