Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го одреди стартниот тим со кој ќе ја нападне Украина на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Во нападот е Илија Несторовски, а на крилните позиции ќе бидат Елиф Елмас и Александар Трајковски.
Во средниот ред се Аријан Адеми и Енис Барди, потпомогнати од Езгјан Алиоски и од Стефан Ашковски.
На голот е Столе Димитриевски, а во одбраната ќе делуваат Стефан Ристовски, Висар Муслиу и Ѓоко Зајков.
Кај Украинците, без изненадувања. Во нападот се Довбик и Јармоленко, по крилните позиции Мудрик и Циганков.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski