 
																												
														
														
													Сопствениците на Ливерпул, инвестицискиот фонд „Фенвеј Спорт Груп“, одбиле неверојатна понуда за продажба на клубот. Според англиските медиуми, тие добиле понуда да го продадат тимот од „Енфилд роуд“ за три милијарди фунти, но таа понуда била одбиена.
Понудата за „црвените“, наводно, дошла од земја на Блискиот Исток, но групацијата предводена од Џон Хенри и Том Вернер одлучиле дека оваа сума е сепак премала.
„Фенвеј Спорт Груп“ раководи со Ливерпул во 2010 година, а го презеде клубот за 300 милиони фунти, а десет години подоцна ја освои Премиер – лигата.
Во овој период новите сопственици имаа многубројни инвестиции. Капацитетот на стадионот „Енфилд Роуд“ е зголемен, изграден е нов тренинг центар и сопствениците веруваат дека клубот во моментов вреди три милијарди фунти. Покрај „црвените“, нивен најважен спортски проект е бостонскиот Ред Сокс во МЛБ-лигата.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														