Connect with us

Сон потврди: Го напуштам Тотенхем, ова е најтешката одлука во мојот живот

Напаѓачот на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, потврди дека ќе го напушти клубот. Јужнокорејскиот репрезентативец веќе ги информирал раководството и менаџерот Томас Франк за својата одлука.

„Побарав дозвола да си заминам од Тотенхем. Одлуката е веќе донесена. Дадов сѐ можев, и сега ми требаат нови предизвици“, изјави Сон.

„Ова е најтешката одлука во мојот живот. Пристигнав во Северен Лондон како момче, а си заминувам како млад маж. Ви благодарам на сите навивачи на Тотенхем кои ми подарија толку многу љубов“, истакна 33-годишниот фудбалер.

Сон пристигна во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен. За англискиот клуб одигра вкупно 454 натпревари, постигна 173 голови и запиша 101 асистенција.

Во последната сезона учествуваше на 46 натпревари во сите натпреварувања, при што постигна 11 голови.

Се очекува Јужнокореецот да ја продолжи кариерата во МЛС лигата на САД. Тој веќе преговара со ФК Лос Анџелес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови