
По цели десет години поминати во дресот на Тотенхем, Хjoнг-Мин Сон стави крај на својата англиска авантура и се пресели во САД. Јужнокорејската ѕвезда потпиша со тимот на Лос Анџелес за сума од 23 милиони евра, со што стана најскапиот трансфер во историјата на МЛС, надминувајќи го досегашниот рекорд на Емануел Лате Лат (21,5 милиони евра од Мидлсбoро во 2023 година).
„Ова е остварување на сонот. Лос Анџелес е неверојатен град и дојдов тука со јасна цел – да освојувам трофеи и да донесам возбуда“, изјави Сон на својата официјална промоција, каде беше дочекан од бројни сонародници кои живеат во градот.
Неговиот договор важи до 2027 година, со можност да биде продолжен за уште две сезони. Своето деби во новиот клуб се очекува да го има веќе претстојниот викенд против Чикаго фајeр. Интересно е што во ЛА повторно ќе соработува со Хуго Лорис, со кого долги години делеше соблекувална во Тотенхем.
Во дресот на Тотенхем, Сон одигра извонредна деценија – постигна 173 гола, забележа 101 асистенција и во 2022 година ја заврши сезоната како најдобар стрелец во Премиер – лигата, заедно со Мохамед Салах, со по 23 погодоци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 ремизираше (2-2) со Словачка

Евро-фудбал
Левандовски следното лето доаѓа во Милан?
