Connect with us

Солскјер: Манчестер Сити одигра фантастична сезона, мора да му честитаме

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, на градскиот ривал Манчестер Сити му ја честита новата шампионска титула во Премиер – лигата.


„Ѓаволите“ синоќа загубија на домашен терен од Лестер, а со тоа останаа и без теоретски шанси да ги стигнат „граѓаните“ во трката за титулата.

„Го бркавме Манчестер Сити до крајот на сезоната. Ова е одлично достигнување затоа што Сити е многу добар тим. Тие се достојни шампиони. Морам да им честитам, бидејќи одиграа фантастични натпревари оваа сезона и заслужено се прваци“, истакна Солскјер по поразот од Лестер.

Манчестер Сити стана шампион на Англија во сезоната 2020/21, три кола пред пред крајот на шампионатот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови