
Новата напаѓачка ѕвезда на Тотенхем, Доминик Соланке, се врати на тренинзи и треба да биде достапен за неделното дерби од Премиер лигата во Северен Лондон против Арсенал, изјави менаџерот Анге Постекоглу.
Соланке прејде од Борнмут во Тотенхем за 65 милиони фунти, но по неговото деби против Лестер, ги пропушти следните два натпревари поради повреда на глуждот.
„Арсенал е тврд орев, но овој натпревар е одлична можност за нас. Мики е добро, тренираше целосно за време на репрезентативната пауза. Соланке се враќа со првиот тим. Тренираше со тимот, ќе има уште еден тренинг, и ако се справи добро, претпоставувам дека ќе биде достапен,“ изјави менаџерот Анге Постекоглу.
„Мора да останеме доследни во нашиот пристап. Доминиравме на сите три натпревари досега. Треба да го задржиме ова ниво на игра во текот на 38 натпревари. Резултатите не се лоши. Мора да останеме фокусирани на клучните елементи на нашата игра. Противникот ќе биде тежок за совладување, но ние имаме одлична можност“, додаде Постекоглу, кој ја бара својата прва победа во дербито на Северен Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
