
Интер се наоѓа во голема напаѓачка криза. Избраниците на Симоне Инзаги немаат постигнато гол на последните четири натпревари и со тоа си ја искомпликуваа ситуацијата оваа сезона. Един Џеко и Лаутаро Мартинез не се во најдобра форма, а во нападот не придонесуваат ниту опоравениот Хоакин Кореа и новодојдениот Фелипе Каиседо.
Раководството на Интер во моментот не може да доведе нов напаѓач, но тоа сигурно ќе го стори на лето. Цел број еден е Џанлука Скамака од Сасуоло, а според италијанските медиуми актуелниот шампион на Италија го сака и Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах.
Францускиот напаѓач минатото лето беше блиску до Интер, но потоа заработи тешка повреда на коленото поради која мораше да остане во Германија, па трансферот пропадна.
Откупната клаузула за Турам е 45 милиони евра, но „нероаѕурите“ веруваат дека раководството на Менхенгладбах ќе ги намали желбите со оглед на повредата која долго време го делеше напаѓачот од терените.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
