Connect with us

Сити постави голем услов за заминувањето на Грилиш од „Етихад“

Манчестер Сити постави конкретен и цврст услов во врска со иднината на Џек Грилиш, што би можело значително да го отежне неговото заминување од клубот.

Евертон е клубот кој најсилно притиска за да го ангажира англиското крило, но само на позајмица. Истиот интерес го следат и Тотенхем и Наполи, откако самиот играч признал дека неговото време на „Етихад“ е завршено.

Според информациите, Eвертон веќе воспоставил контакт со Сити за можноста да го позајми Грилиш. „Карамелите“ се подготвени да покријат дел од неговата неделна плата која изнесува 300.000 фунти, но не понудиле опција за откуп на крајот од позајмицата.

Сепак, ставот на Сити е недвосмислен – нема да прифатат никаква позајмица доколку заинтересираниот клуб не ја преземе целосната плата на играчот за сезоната 2025/26.

Грилиш има уште две години договор со „граѓаните“, но минатата сезона падна во немилост кај Пеп Гвардиола и веќе е свесен дека мора да го напушти клубот за да ја оживее својата кариера.

Освен Евертон, интерес за Грилиш пројавуваат и Тотенхем и Наполи, додека тој веќе одбил понуда од турскиот гигант Фенербахче, каде што тренер е Жозе Мурињо.

29-годишниот Грилиш не беше во составот на Сити за првата пријателска пресметка против Престон, одиграна зад затворени врати оваа недела. Се очекува да не патува ниту за Италија, каде Манчестер Сити викендов ќе се соочи со Палермо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови