
Манчестер Сити го продолжи максималниот ефект во Премиер – лигата. „Граѓаните“ го победија Нотингем Форест со 2-0 и со 18 бода се наоѓа на врвот на табелата.
Многу брзо тимот на Пеп Гвардиола обезбеди убава предност. Фил Фоден во седмата минута со силен удар ја затресе мражата на „шумарите“, а Ерлинг Халанд во 14.минута со удар со глава зголеми на 2-0.
На почетокот на второто полувреме Родри направи глупост, фати за врат противнички играч и беше исклучен, но и со фудбалер помалку „граѓаните“ знаеја да ја сочуваат предноста.
Лутон и Вулверхемптон одиграа 1-1, а немаше голови на мечот меѓу Кристал Палас и Фулам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
