Аргентина стана светски шампион по третпат во историјата. Тоа беше на крилата на Лионел Меси, кој собори голем број рекорди во Катар.
Во финалето на Светското првенство во Катар, Аргентина вечерва по изведување пенали ја совлада Франција и стана светски шампион.
По 120 минути игра беше 3-3, а Лионел Меси постигна два гола со што стигна до седум на овој шампионат, а вкупно 13.
Лео собори импресивни рекорди. Тој стана најдобар стрелец на Аргентина на светските првенство со 13 гола, надминувајќи го Габриел Батистута кој постигна три помалку.
Покрај тоа, тој влезе во избраната група на фудбалери со пет светски првенства. Пред Катар играше во Русија во 2018 година, во Бразил 2014 година, во Јужна Африка 2010 година и во Германија 2006 година.
Исто така, магионичарот од Росарио го надмина сопствениот рекорд и стана првиот фудбалер во историјата кој поделил асистенции на пет различни мундијали. Треба да се потсети дека, згора на тоа, подели три асистенции на СП во Катар.
Меси го надмина Паоло Малдини како играч со најголема минутажа на Светското првенство. Италијанецот беше на врвот со 2.217 одиграни минути, додека Меси сега има 2.314.
Беше на прагот да стигне до Мирослав Клосе, кој е човекот со најмногу победи – 17. Лео заостана само чекор до него со 16 победи, откако Франција израмни во вечерашното финале.
Тој стана првиот играч кој постигнал голови во осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето и во финалето на СП.
По натпреварот против Франција беа доделени и индивидуални награди, а за најдобар играч на првенството беше прогласен Лионел Меси. Ова е првпат во историјата еден играч да го освои признанието двапати, откако го освои и на СП во Бразил 2014 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













