Connect with us

Симоновски погоди за Дрита, Феенорд извлече победа во 90.минута (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Марко Симоновски стрелаше за Дрита на гости против Феенорд, израмни на 1-1, косовскиот тим имаше и водство, но на крајот сепак доживеа пораз (3-2) и елиминација во Конференциската лига на УЕФА. Првиот меч во Приштина заврши без голови.

Симоновски погоди во 12.минута откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник.

Херој на Феенорд беше Гус Тил кој постигна хет – трик, а победничкиот гол го даде во 90.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови