Со извонредна серија од седум едноподруго натпревар без пораз Силекс ја заврши есенската сезона. Кратовци пред своите навивачи во премиерниот натпревар од 18. коло во Првата македонска фудбалска лига славеа и против Академија Пандев со убедливи 3-1 (1-0).
Победата на Силекс ја најави Виктор Серафимовски во 41. минута, а потоа на 2-0 зголеми Дарко Додев во 61. минута. Миловановиќ во 63. минута намали за струмичани, но подобрата игра домашните ја крунисаа со уште еден гол на Срѓан Драшковиќ во 69. минута за конечни 3-1.
По оваа победа Силекс се израмни со Шкендија и Академија Пандев со 27 бода на делба на второто место на табелата.
ПРВА ЛИГА – 18. КОЛО
Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ 3-1
УТРЕ (13 ч.)
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Струга: СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













