Connect with us

Силекс ја растури Беласица, Македонија ЃП до триумф во последен миг, реми на Чаир

Силекс е во голгетерски ритам на стартот од новиот шампионат во Првата лига. Кратовскиот тим со 0-6 славеше на гости во Струмица кај новиот прволигаш Беласица и покажа дека е подготвен за настапот во квалификациите за ЛШ. Сите шест гола беа постигнати во второто полувреме. 

Иван Ивановски го отвори резултатот во 47.минута, Пепи Ѓоргиев зголеми на 0-2, а третиот и четвртиот погодок беа дело на Денис Ристов. Серијата голови ја затворија Ѓуриќ и Костовски. 

Шкупи и Шкендија на Чаир ремизираа, 2-2. Дембо Дарбо беше расположен за игра во првиот дел и донесе водство од 2-0 за Шкупи. Првиот гол го постигна во шестата минута, а вториот во 44.минута кога излезе сам пред Захов и го совлада. Но, Шкендија се врати во второто полувреме. 

Дориев во 60.минута постигна првенец во дресот на Шкендија, а шест минути подоцна Ахмеди израмни на 2-2. Нафиу можеше да донесе и триумф, но Кривањева спаси бод за Шкупи. 

Македонија ЃП го совлада Работнички со 2-1 во Ѓорче Петров. Во борбен дуел, Боби Божиновски донесе предност за „лавовите“ во 40.минута. Одлично реагираше на центаршутот од десната страна и со удар со глава го совлада Ристе Јанков. Сепак, Работнички возврати во вториот дел. Во 55.минута, Петар Петковски асистираше, а Димитар Тодоровски со прекрасен шут откосо од левата страна ја затресе мрежата на домаќините. Но, ѓорчепетровци стигнаа до триумф во судиското продолжение. Ермедин Адем во 92.минута постигна погодок за победа.

Пелистер има победничко враќање во елитното друштво. „Зелените“ со 1-0 го совладаа составот на Академија Пандев, а стрелец на победничкиот гол беше Анес Хот во десеттата минута од мечот. 

Ренова и Струга Трим Лум во Тетово ремизираа без голови. Вчера, Борец славеше против Вардар во Скопје со 0-1. 

ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2-2

ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-1

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ 0-0

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС 0-6

ВЧЕРА: ВАРДАР – БОРЕЦ 0-1

Табела: Силекс 3, Македонија ЃП 3, Пелистер 3, Борец 3, Шкендија 1, Шкупи 1, Ренова 1, Струга ТЛ 1, Работнички 0, Академија Пандев 0, Вардар 0, Беласица 0.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови