Реал славеше со 3-1 на „Бернабеу“ со трите гола на Карим Бензема и го елиминира ПСЖ од Лигата на шампионите, па најтрофејниот европски клуб го продолжува патот до нов трофеј. Пред натпреварот, како што наложува традицијата, претседателот на Реал, Флорентино Перез беше домаќин на претседателот и сопственик на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, а ручек се случи во еден еминентен ресторан во Мадрид.
Францускиот весник „Le Parisien“ објави што им било послужено на првите луѓе на двата моќни клуба за ручек.
Перез и Ал-Келаифи уживале во салата од јастог, бранцин и мелени домати, филети на жар и сос, а се засладиле со сладолед од бело чоколадо. Им беа послужени и печени вафли со бадеми и бонбони. Покрај тоа, на масата биле послужени две шишиња елитно вино – Nisia Verdejo 2020 и Cune Reserva 2015.
По ручекот следуваше и заедничка фотографија, а многумина веруваат дека тема на разговор меѓу другото бил и одличниот Килијан Мбапе, кого Реал сака да го донесе на лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













