Connect with us

КОЛУМНА – Филип Лам: Што го прави Пеп Гвардиола златен стандард на светскиот фудбал

„Views of a footballer“ е колумна на Филип Лам, во соработка со новинарот Оливер Фрич, на германскиот интернет магазин „Zeit Online“, која ексклузивно во Македонија ја објавува www.makfudbal.mk. Истовремено колумната се објавува и во неколку реномирани медиуми во Европа (The Guardian, La Repubblica, Politiken, Delo, Sports Daily, Sport Voetbalmagazine, Gazeta Wyborcza, Tribuna, Dennik).

Поранешниот капитен на светскиот првак Германија и директор на турнирот ЕВРО 2024 ќе ги анализира фудбалските теми и ќе разговара за нивната стратешка важност за општеството, економијата и политиката.

„За важните натпревари, јас едноставно ги избирам најдобрите 11“ – оваа реченица што ми ја кажа Пеп Гвардиола ако се чита внимателно ја содржи суштината на фудбалот. Индивидуалниот квалитет. Гвардиола е голем тренер, тој ги сака вештините и талентот на неговите играчи.

Некои тренери се обидуваат да ја намалат комплексноста на на фудбалот. Гвардиола пак сака да ја надгради. Неговата грандиозност меже да се споредува со шаховски велемајстори или диригент на голем оркестар кој успева да го извлече најдоброто од секој инструмент. Разликата е во тоа што фудбалот не се игра по однапред дадени ноти, она што им се случува на фудбалерите за време на натпреварот не е однапред предодредено. Никако и никогаш не може да се предвиди како некој ќе се однесува или што ќе направи на теренот.

Голем тренер многу брзо согледува што може да направи секој од играчите и кој треба да биде неговиот главен фудбалер. Тој комуницира со фудбалерите за нивните силни, но и за нивните слаби страни. Ја прилагодува задачата и улогата на секој од играчите секој ден. Гвардиола го прави ова со страст која ја немам видено кај ниту еден друг тренер. Во неговиот начин на работа сите играчи, дури и оние кои не добиле минутажа сфаќаат дека е во право. И тоа му овозможува апсолутен авторитет.

За време на натпреварите на тимот му е неопходна помош. Гвардиола е активен тренер. Лидерите како Кевин де Бруин, капитенот на Манчестер Сити, ги пренесуваат на остатокот од тимот неговите идеи. Тој успеа дефанзивецот Кајл Вокер кој воопшто не е типичен профил на играч што би го сакал Гвардиола, да го направи подобар и подобар. Гвардиола докажува дека е лојален на секој од играчите и токму затоа фудбалерите добиваат сигурност.

Илкај Гундокан е вистински играч по стандардите на Пеп Гвардиола, тој секогаш ја разбира моменталната ситуација. Секогаш се однесува коректно, неговите движења се совршени и во одбраната и во нападот. Тој знае кога треба задржи ја топката и точно знае кога е време да се притисне во шеснаесетникот. Тоа е вешто управување со ризикот. Тој често знае каде ќе заврши акцијата. Затоа одеднаш постигнува голови. На Гвардиола му се потребни такви играчи. Од друга страна, Гундоган има особени придобивки од неговиот тренер затоа што тој ужива во улогата што му ја дава Гвардиола.

Ова создава единство. Тимовите на Гвардиола можат да се препознаат веднаш, дури и ако ТВ-снимките беа црно-бели: слободно трчање, низа на додавања, позиционирање во полето, дриблинзи, начинот на кој неговиот тим заедно ја носи топката напред и ја турка играта целосно во другата половина. Не е нешто што тренерот може едноставно да го постигне со издавање наредби во соблекувалната. Мора да се работи напорно за да се постигне таква константна супериорност.

Кога почна во Манчестер во 2016, Гвардиола го изгради тимот одново. Потоа тимот освои две титули и минатата сезона беше на второто место. Сега повторно е на врвот и тоа со со сигурна дистанца. Неговиот тим никогаш не паѓа под одредено ниво, па затоа ги минимизира случајностите во 38 кола.

За англиските клубови, шампионатот е решавачко натпреварување како и да е, и токму таму протокот на пари е најширок. Битката е жестока.
Од единаесетте клубови во светот со најголем промет, повеќе од половина доаѓаат од Англија. Најдобрите шест до осум клуба имаа под три до четри играчи со исклучителен квалитет. Оваа концентрација на квалитет и пари е единствена. Во изминатата деценија пет клуба ја освојуваа шампионската титула. Само Гвардиола со Сити успеа да го одбрани трофејот во 2019 година. Освои пет од десетте пехари во куповите.

За да ја освоите Лигата на шампионите, ви треба среќа во ждрепката и во нокаут фазата. Во завршните фази, меѓу најдобрите 16 или во четвртфиналето десетте најдобри клубови во Европа обично играат меѓусебе. Ако топ играчите не се фит во април и во мај може да ви биде многу тешко. Посебно талентираните играчи се многу важни. Во Барселона, Гвардиола имаше четири или пет вакви врни играчи кои редовно беа меѓу најдобрите 11 во светот.

Во Манчестер го нема тоа. Гвардиола еднаш рече дека чудата од деца како Мбапе или Нејмар сепак ги избираат метрополите како Лондон или Париз, или пак избираат клубови со голема историја. Ако се гледа според историјата, Сити не е фаворит. Особено што миленикот на Гвардиола, Серхио Агуеро поради повреди веќе не е во полна сила.

Ако се гледа најдобриот период на Гвардиола во Шпанија очигледно е дека тој се адаптира. Барселона беше добро вкомпониран тим каде што речиси секој можеше да свири на било кој инструмент. Кога ги освоија титулите во 2009 и во 2011 година ги задушија противниците. Ова беше возможно затоа што клубот ја следи филозофијата на Јохан Кројф за тотален фудбал. Гвардиола се гледа себеси во оваа традиција, тој би сакал да избере 11 играчи како Иниеста. На други места овој негов идеализам мораше да прави компромиси. Во Баерн Минхен им даде потполна слобода на одличните индивидуалци Франк Рибери и Арјен Робен да делуваат по крилните позиции дозволувајќи им на централните дефанцивци да имаат улога на играчи за врска кога тимот ја поседува топката.

Во особено израмнетата Премиер – лига, Гвардиола не е во можност да го постигне нивото на доминација што го имаше со Барселона и со Баерн Минхен. Манчестер Сити сега игра подефанзивно потпирајќи се на цврстите одбранбени играчи. Тимот некогаш ја препушта топката, се повлекува, се брани во шеснаесетникот, чека на шанса за контранапад.

Гвардиола научи да ги цени едноставните голови од корнер или погодоците од долги топки. Согледа дека и тие се атрактивни.

Тој не е вешт само во ултранапаѓачката тики – така. Напротив, Гвардиола ги развива можностите на неговите играчи од двете страни на играта – размислува и напаѓачки и дефанзивно со секој негов играч.

Јас бев дефанзивец со напаѓачки способности. Можеби и затоа толку добро се согласувавме. Под негово водство одбранбените играчи на Манчестер Сити ја организираат дефанзивата многу попрецизно. Дури и Џером Боатенг призна дека од Гвардиола научил суштински работи. Ние, играчите на Баерн Минхен од Гвардиола имавме бенифит и како индивудуалци, но и како колектив.

И оввој заклучок воопшто не е контрадикторност. Кај Гвардиола секој мора да придонесува во интерес на целината. За исклучителните фудбалери тој дури и измислува позиции. Тој му дозволи на Лео Меси кој под негово водство се разви во чудо од светски калибар да се преобрази во класичен напаѓач.

Тој едноставно разбира дека големите натпревари ги решаваат големите играчи. креативноста за него е поважна од шемата. Неговиот фудбал е прослава на индивидуалноста.

Пеп Гвардиола има особена почит за секој играч и не дозволува системите како 4-3-3 или 3-5-2 да бидат поважни од фудбалерите. Тој е пријател и слуга на фудбалерите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови