Во реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед го совлада Реал Сосиедад со 4-1 на „Олд Трафорд“ и обезбеди место во четвртфиналето, каде што ќе се соочи со Лион, кој со 4-0 го елиминираше ФЦСБ.
Шпанците поведоа во десеттата минута од пенал, досуден по интервенција на ВАР по прекршокот на Матијс де Лихт врз Микел Ојарзабал. Но, набргу Јунајтед израмни со нов пенал – овој пат фаулиран беше Расмус Хојлунд, а Бруно Фернандеш беше прецизен од белата точка.
Весникот „Марка“ тврди дека пеналот бил спорен и дека Игор Зубелдија воопшто не го допрел данскиот напаѓач.
Во второто полувреме, Јунајтед доби уште еден пенал, а Бруно Фернандеш повторно беше прецизен. Контроверзите продолжија бидејќи Шпанците тврдат дека Патрик Доргу паднал по минимален контакт со Ариц Елустондо, кој „мирно стоел“.
До крајот на мечот, Јунајтед постигна уште два гола – Фернандеш го комплетираше хет-трикот, а Диого Далот го постави конечниот резултат.
„Марка“ ја анализираше ситуацијата и заклучи: „Два непостоечки пенала му помогнаа на Јунајтед да направи пресврт и да ги угасат соништата на баскискиот тим за пласман понатаму“. Текстот е објавен со наслов: „Судиите го исфрлија Реал Сосиедад од Европа“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













