Во групата Е од европските квалификации за Светското првенство се одигра претпоследното коло, а резултатите се опекувани. Шпанија рутински ја совлада Грузија во Тбилиси со убедливи 0-4, додека Турција во Бурса беше подобра од Бугарија со 2-0.
Шпанците убедливо го држат врвот на табелата со максимални 15 бодови. Турција заостанува три поени, а двете селекции ќе се сретнат во вторник навечер во Севилја. Сепак, само вистинско спортско чудо би можело да ја симне Шпанија од првото место – „црвената фурија“ има неверојатна гол-разлика 19-0, додека Турција е на 14-10. Уште победата од 6-0 на гости кај Турците им го реши прашањето за лидерската позиција пред последното коло.
Шпанија во моментов важи за еден од главните фаворити за светската титула, а својата моќ уште еднаш ја демонстрираше во Грузија. Дури и без Јамал, Родри, Нико Вилијамс, Мората и Педри, Шпанците без потешкотии ја скршија цврстата Грузија и сè решија уште во првото полувреме.
Во 11. минута добија пенал, кој Ојарзабал го претвори во водство. Не поминаа ни 11 минути, а веќе беше 0-2 – по прекрасна акција, Фабијан Руиз пронајде празен простор за Зубименди кој рутински реализираше. Третиот гол падна во 34. минута, кога Ојарзабал мајсторски асистираше, а Феран Торес погоди од непосредна близина. Во 63. минута улогите се сменија – Торес асистираше, а Ојарзабал со глава ги постави конечните 0-4.
Турција, пак, вечерва ја заврши својата задача. Иако пред два месеца доживеа тежок пораз од Шпанија во Коња, селекцијата на Винченцо Монтела генерално бележи стабилен подем последниот период. Ова е најталентираната турска генерација по онаа што во 2002 го освои третото место на Мундијалот – со ѕвезди како Арда Ѓулер, Кенан Јилдиз и Хакан Чалханоглу, Турците се меѓу фаворитите за пласман на СП преку баражот.
Против Бугарија вечерва славеа со гол од пенал на Чалханоглу во 18. минута и автоголот на Чернев во 86. минута.
Австрија се доближи до пласман на Светското првенство по денешната гостинска победа над Кипар со 0-2.
По ова коло, ситуацијата во групата Х е јасна: Австрија има 18 бодови, пет повеќе од Босна и Херцеговина и дури осум повеќе од Романија. Кипар одамна ги загуби шансите – со само осум освоени бодови го завршува своето учество во овие квалификации.
Херој на мечот беше Марко Арнаутовиќ, кој ги постигна двата погодоци за Австријците. Првиот гол падна во 18. минута од пенал, а вториот во 56. минута по мајсторски прием, финта во шеснаесетникот и прецизен удар во мрежата.
Австрија сега е на чекор до Мундијалот – потребно е Босна да не ја победи Романија, или пак Австријците да избегнат пораз во последното коло против Босна и Херцеговина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?













