Connect with us

Шок за Наполи: Кевин де Бруин ќе паузира четири месеци?!

Фудбалерите на Наполи го прославија викендот со триумфот во дербито против Интер (3-1), но радоста брзо беше затемнета од повредата на Кевин Де Бруин.

Белгиецот мораше да го напушти теренот во средината на второто полувреме, откако почувствува силна болка по реализираниот пенал. Клубот потврди дека станува збор за кинење на бутниот мускул, што значи дека Де Бруин ќе биде надвор од игра неколку месеци.

Дополнителни медицински прегледи се очекуваат наредните денови, но првичните прогнози не оставаат простор за оптимизам. Италијанските медиуми веќе шпекулираат дека најверојатно нема да се врати на теренот до крајот на годината и ќе паузира најмалку четири месеци.

Такво долго отсуство на клучниот играч од средината на теренот претставува сериозен предизвик за амбициите на тимот на Конте. Од друга страна, тоа можеби ќе значи и поголема минутажа за Елиф Елмас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови