Најтрофејниот италијански клуб Јувентус ќе ја продолжи сезоната со нов тренер, откако управата утрово му даде отказ на Игор Тудор.
Хрватскиот стратег, кој минатата сезона пристигна како привремено решение, доби доверба да ја води екипата и во актуелниот шампионат. Но, серијата слаби резултати доведе до промена на одлуката на раководството.
Јувентус е во криза со осум натпревари без победа, од кои три последовни порази од Комо, Реал Мадрид и Лацио. Последниот триумф „старата дама“ го забележа на 13 септември во дербито против Интер.
Според италијанските медиуми, клубот веќе го известил Тудор за разделбата, а привремено ќе ја преземе клупата Масимо Брамбиља, кој досега работеше во младинскиот погон.
Јувентус имаше солиден почеток на сезоната, но падот во формата го спушти на осмото место на табелата со 12 освоени бода. И покрај кризата, позициите кои водат во европските натпреварувања остануваат достижни, па управата се надева дека брзата промена ќе ја стабилизира екипата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













