Спортскиот директор на Манчестер Јунајтед, Дан Ешворт, неочекувано ја напушти функцијата по само пет месеци работа, објави клубот.
„Дан Ешворт ќе ја напушти функцијата спортски директор на Манчестер Јунајтед по взаемна согласност. Сакаме да му се заблагодариме на Дан за неговата работа и поддршка во текот на преодниот период за клубот и да му посакаме сѐ најдобро во иднина“, се вели во официјалното соопштение на „црвените ѓаволи“.
Новината е шокантна, особено поради долгите преговори и сагата околу преминувањето на Ешворт од Њукасл во Манчестер Јунајтед. Тој влезе во принуден одмор во февруари, поради желбата да премине на „Олд Трафорд“, а клубовите постигнаа спогодба за компензација во износ помеѓу 2 и 3 милиони фунти. Ешворт официјално почна со работа во Манчестер Јунајтед на 1 јули.
Според информациите, неговото заминување било договорено по состанокот со извршниот директор на Јунајтед, Омар Берада, по синоќешниот пораз од Нотингем Форест со 2-3 во Премиер – лигата. Истовремено, се јавува дека сер Џим Ретклиф, еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, имал клучна улога во оваа одлука.
Ешворт беше активно вклучен во трансферите вредни 200 милиони фунти летоска, при што беа доведени играчи како Лени Јоро, Мануел Угарте, Матијс де Лихт, Нусаир Мазрауи и Џошуа Зиркзе.
Тој исто така беше дел од тимот кој одлучи да му се даде нов договор на Ерик тен Хаг, иако менаџерот беше отпуштен само неколку месеци подоцна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш













