
Македонскиот прволигаш Шкупи забележа убедлива победа во последниот контролен натпревар пред почетокот на новата фудбалска сезона. На пријателскиот натпревар против второлигашот Скопје, тимот на Шкупи триумфираше со 4-1.
Доминацијата на тимот од Чаир беше забележлива во првото полувреме, кое заврши со резултат од 3-1. Головите во првото полувреме ги постигнаа Јумеми, Диене и Аворнио, оставајќи силен впечаток за подготвеноста и формата на играчите.
Во второто полувреме дојде до промени во формациите, но доминацијата на теренот не се промени.
Сенегалецот Тамба го постигна последниот гол за Шкупи.
Шкупи ја стартува сезоната следниот викенд со дуел против Воска Спорт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal