
Шкупи забележа само два порази оваа сезона, а едниот од нив во Ѓорче Петров (2-1) од Македонија ЃП. Лидерот на табелата денеска (13 часот) повторно оди во Ѓорче со цел да избори пласман во полуфиналето на Купот. Но, „лавовите“ сакаат реприза од првенството.
Левиот бек Блертон Шеји верува дека тимот од Чаир сепак ќе излезе како победник во денешниот четвртфинален дуел.
„За нас е важен натпревар, бидејќи целиме да победиме на двата фронта, и во Купот и во првенството. По незаслужениот пораз што ја доживеавме во лигата во последните минути од натпреварот против Македонија Ѓ.П, овојпат ќе излеземе на терен да се реваншираме и да се пласираме во полуфиналето“, изјави Шеји, пред денешната пресметка со Македонија Ѓ.П.
На останати три натпревари од четвртфиналето на Купот на Македонија, се среќаваат: Шкендија – Струга Трим Лум, Силекс – Брегалница, Пелистер – Вардар (13 часот).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
