Шкупи одигра нерешено и на вториот натпревар на подготовките во Анталија, откако по ремито со Нефчи од Киргистан, прволигашот од Чаир денеска ремизираше и против екипата на Челик од БиХ (2-2).
Ќатип Османи и неговите избраници имаат за што да жалат бидејќи Шкупи беше подобар противник во голем дел од натпреварот, па дојде до заслужено водство пред крајот на полувремето преку Илиески. Македонскиот претставник поведе и со 2-0 со голот на Бесар Исени во 60. минута, но потоа тренерот Османи реши да им даде шанса на дел од помладите фудбалери, вадејќи ги од игра клучните играчи на Шкупи.
Челик знаеше како да го искористи тоа и преку Махмутовиќ (од пенал) и Црнички тимот од БиХ успеа да избегне пораз.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













