Македонскиот првак Шкупи успеа да одолее на големото дерби во Тетово против Шкендија и да извлече 0-0. Најголеми заслуги за тоа има голманот Кристијан Наумовски, кој бранеше одлично и ги спречи фудбалерите на Шкендија да дојдат до триумф.
Цаке, Шала, Дориев имаа одлични шанси, но секогаш на висина на задачата беше Наумовски. На крајот, големите ривали поделија по еден бод.

Струга Трим Лум оствари нов триумф. Осма победа е тоа од осум натпревари. Во Струга падна Тиквеш со 2-0. Бесарт Ибраими повторно беше стрелец откако го отвори резултатот во деветтата минута. Триумфот го потврди Дарко Илиевски.

Анес Рушевиќ беше стрелец, а голманот Игор Алексовски херој на Работнички во минималната победа (1-0) над Победа. На стадионот на ФФМ, Рушевиќ реализираше во 30.минута по одличната асистенција на Крсте Велкоски. Во вториот дел, две стативи за Работнички, но и неколку шанси за Победа, а секогаш победник беше Алексовски.
Македонија ЃП го совлада тимот на Академија Пандев со Струмица со 0-1. Кристијан Стојкоски во деветтата минута постигна одличен гол, а „лавовите“ ја сочуваа предноста до крајот на дуелот.
Утре се игра последниот меч од 8.коло, а се среќаваат Скопје и Брегалница.
ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0-0
РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 1-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ТИКВЕШ 2-0
УТРЕ: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













