
Шкендија оствари убедлив триумф над Ренова (6-1) и ја намали негативата на табелата во однос на Вардар и на Академија Пандев. Сега актуелниот првак има седум бода помалку од Вардар и три бода негатива во однос на Академија Пандев откако и двата нивни ривали ремизираа 1-1 против Шкупи, односно против Струга Трим Лум. Борец и Силекс ремизираа без голови во Велес, во денешните мечеви од 15.коло во Првата фудбалска лига.
Шкендија го декласира градскиот ривал Ренова со 6-1, а поведе веќе во петтата минута со голот на Омар Имери. Арменд Алими и Бесарт Ибраими на стартот на вториот дел го решија победникот, а голедата продолжи до самиот крај. Агим Ибраими погоди од пенал за 4-0, Самир Фазли беше стрелец на петтиот погодок. Во 85.минута Ремзифаик Селмани го постигна почесниот гол за Ренова, а Енур Тотре стави точка, за конечни 6-1.
Вардар поведе против Шкупи со голот на Реис Жуниор во 15.минута. Имаше шанси и за зголемување на водството преку Аврамовски и Колевски, но потоа Диак донесе израмнување. Во 72.минута, тој одлично шутираше со волеј – удар од 18 метри и го совлада Филип Гачевски.
Академија Пандев одигра 1-1 против Струга Трим Лум. Гостите во самиот финиш стигнаа до бод.
Стрелец на водечкиот погодок за струмичани беше Марко Рајковиќ во 68.минута. Тој влезе во игра неколку моменти претходно и успеа да го отвори резултатот. Но, Струга Трим Лум во судиското продолжение со голот на Дејан Цветановски стигна до реми.
Борец и Силекс ремизираа без голови во Велес, а вчера во премиерниот меч од 15.коло, Македонија ЃП го совлада Работнички со 2-0.
ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – ШКУПИ 1-1
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 6-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-1
БОРЕЦ – СИЛЕКС 0-0
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-0
Табела: Вардар 31, Академија Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 22, Македонија ЃП 21, Шкупи 19, Струга ТЛ 19, Борец 16, Ренова 15, Работнички 11.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер го „мерка“ голманот на Наполи

Евро-фудбал
Клоп: Претстои најтешкиот период од сезоната

Евро-фудбал
Белингам неизвесен за мечот со Гранада

Евро-фудбал
Влаховиќ: Сакам да останам во Јувентус

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Ѓорѓи Мојсов
