Connect with us

Шкупи го промовираше деветтото засилување: Ѓурковски пристигна на Чаир

Македонскиот вицепрвак Шкупи во очи на дуелот против Лапи во Конференциската лига на УЕФА го официјализираше трансферот на централниот дефанзивец, 19-годишниот Александар Ѓурковски. Тој доаѓа од редовите на Вардар, а е дел и од младата репрезентација до 21 година.


„Пред сè, сакам да се заблагодарам на раководството на клубот и на тренерот Гоце Седлоски, за довербата и дадената можност да бидам дел од Шкупи. Знам дека се очекува многу од Шкупи, како во домашното првенство, така и на меѓународната сцена. Токму тоа беше и причината што решив да потпишам договор со Шкупи. Очекувам брзо да се адаптирам во клубот и ќе работам напорно за да ги оправдам очекувањата“, изјави Ѓурковски.


Тој е деветто засилување за Шкупи и веднаш ќе се стави на располагање на тренерот Гоце Седлоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови