Македонскиот вицепрвак Шкупи доведе уште две нови засилувања во средниот ред и во нападот. Левото крило, 24-годишниот Валид Хамиди, доаѓа од Алжир, додека 22-годишниот Мухамаду Соуахибу Бери потекнува од Сенегал.
„Среќен сум што ќе бидам дел од овој тим и мојата порака до навивачите е дека ќе дадам се од себе за да имаме добра сезона и да освоиме трофеи со Шкупи“, изјави Хамиди.

„Ме радува што ќе имам можност да го носам дресот на Шкупи. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот за време на европските натпреварувања и во домашното првенство“, изјави 22-годишниот Бери.
Двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот против Лапи в четврток во Приштина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дембеле: Ќе бидам подготвен за финалето на ЛШ













