Во 1/16 – финалето од Купот на Македонија денес беа одиграни уште три средби, на кои до осминафиналето се пласираа Тиквеш, Шкендија и Шкупи.
Шкендија приреди вистинска голеада, совладувајќи го Јени Маале со неверојатни 0-9. Прашањето на победникот беше решено уште во првите 45 минути, кога гостите постигнаа пет погодоци. Во центарот на вниманието беше новото засилување Адтхе Мазари, кој за само едно полувреме успеа да реализира хет-трик. Во листата на стрелците се запишаа и Рамадани, Цаке, Љафити, Красниќи (два гола) и Адеми.
Пред самиот почеток на натпреварот, домаќините од Јени Маале со букет цвеќе ѝ посакаа среќа на Шкендија во настапите во Конференциската лига – гест кој ги освои симпатиите на публиката.
Тиквеш до следната рунда стигна со минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Скопје, додека Шкупи со 0-2 славеше против Кожуф.
Освен овие три тима, место во осминафиналето веќе обезбедија Башкими, Беласица, Пелистер, Работнички, Македонија ЃП, Силекс, Новаци, Охрид, Детонит, Брегалница и Шкендија Арачиново.
Актуелниот финалист Струга, како и Вардар, својот настап во Купот ќе го започнат директно од осминафиналната фаза.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













