
Актуелниот првак Шкендија славеше триумф од 1-2 против Работнички во последниот меч од 14.коло во Првата фудбалска лига. Агим Ибраими во 19. и во 90.минута беше успешен реализатор на двата пенали за Шкендија на овој меч, а Работнички поведе во шестата минута со голот на Николче Шаркоски.
Во завршницата од мечот, Работнички остана со играч помалку поради исклучувањето на капитенот Горан Силјановски во 78.минута. Тој заработи два жолти картони и мораше предвреме да ја напушти играта.
Шаркоски го отвори резултатот во шестата минута со одмерен удар од 14 метри. Во 19.минута, Стојков направи фаул над Бесарт Ибраими во шеснаесетникот, судијата Ставрев покажа на белата точка, а погоди Агим Ибраими.
По ова, Работнички имаше можности преку Ацковски, Шаркоски и Јаго, но на полувреме се замина со нерешен резултат.
Во вториот дел, Давид Тошевски и Силјановски се заканија кон голот на Захов, но тој одлично интервенираше, а Илиќ расчисти од гол-линијата и спаси водство на Шкендија.
Во 90.минута, фаулиран беше Самир Фазли кој падна во шеснаесетникот, а Ставрев уште еднаш покажа на белата точка. И повторно Агим Ибраими беше успешен реализатор.
Шкендија сега има 21 бод, девет помалку од лидерот Вардар, а Работнички остана последен со 10 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
