Македонскиот претставник Шкендија доживеа пораз од 2-0 од ерменскиот тим Ноа на гостувањето во Ереван, во првиот дуел од воведното квалификациско коло во Конференциската лига. Слично како и Струга ТЛ на вчерашниот меч против Слован Братислава, тимот на Шкендија ја загуби концентрацијата во последните десетина минути и прими два гола.
Шкендија беше рамноправна во најголем тек од натпреварот, но попусто кога на крајот составот на Јетон Беќири се враќа со два гола негатива од гостувањето во Ерменија.
Goal: Gonçalo Gregorio | FC Noah 1-0 KF Shkëndijapic.twitter.com/HU82auxWVo
— PushGoals (@PushGoals) July 11, 2024
Во 81.минута, Гонсало Грегорио донесе водство за тимот на Ноа. По аутот од левата страна, топката беше префрлена на вториот дирек, таму не реагираше Талевски, а Грегорио со удар со глава од непосредна близина ја затресе мрежата.
Во 90.минута, по корнерот од левата страна повторно слаба реакција на одбраната на Шкендија, а тоа го искористи Александар Миљковиќ и со удар со глава уште еднаш го надмудри Талевски.
Goal: Aleksandar Miljković | FC Noah 2-0 KF Shkëndijapic.twitter.com/GwfavE4JGo
— PushGoals (@PushGoals) July 11, 2024
Реванш натпреварот меѓу Шкендија и Ноа се игра в четврток од 20 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Вест Хем освои бод на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Серафимов си постигна автогол
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Распадори во Серија А
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













