
Шкендија не е веќе лидер, Шкупи успеа да ја симне од врвот, па избраниците на Ернест Ѓока имаат дополнителен мотив за триумф над Работнички на денешниот меч во Тетово. Шкупи вчера славеше со 1-0 против Силекс и со 22 бода ја запоседна првата позиција на табелата во Првата фудбалска лига.
Капитенот Егзон Бејтулаи ќе се врати во тимот по повредата, но најверојатно ќе остане на клупата за резерви, а навалниот ред е подготвен, со Бесарт Ибраими, Љупчо Дориев и младиот Флорент Рамадани.
Работнички несреќно загуби на последните два меча, во последен миг на првенствениот дуел со Силекс (4-3) во Кратово, а потоа и на пенали во Купот од Струга Трим Лим. „Романтичарите“ се надеваат на прекин на оваа лоша низа и позитивен резултат во Тетово.
Вардар сака рехабилитација за елиминацијата во Купот со триумф над Ренова дома, а и „лавовите“ се наострени за победа против Академија Пандев откако загубија на минатото гостување во Велес.
Пелистер го пречекува „залетаниот“ тим на Струга Трим Лум. Составот на Зоран Штерјовски во Битола игра многу посигурно, но и стружани умеат да одговорат на предизвикот.
Беласица се надева дека ќе „мрдне“ од еден освоен бод на денешниот меч против Борец во Струмица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
