
Шкендија е нов фудбалски првак на Македонија откако тримфираше над Борец со 3-1 во Тетово и има недостижни 13 бода предност на четири кола до крајот на шампионатот. Борец поведе со автоголот на Егзон Бејтулаи во 13.минута, а пресвртот се случи во вториот дел. Мевљан Мурати го израмни резултатот во 62.минута, Бесарт Ибраими донесе пресврт во 69.минута, а потоа погоди и Рубин Хебај.

Шкупи со 2-0 го совлада Работнички, со два гола во финишот од дуелот. Матеј Цветаноски со удар со глава погоди во 79.минута, а Бесар Исени во 89.минута зголеми на 2-0.

Струга Трим Лум го освои Ѓорче Петров со фудбалер помалку славејќи против Македонија ЃП со 2-3, во неверојатно драматичен натпревар. Робсон да Силва во 41.минута од пенал ги доведе „лавовите“ во водство, а Струга Трим Лум остана со играч помалку во 72.минута по исклучувањето на Фламур Таири. Израмни Марјан Алтипармаковски од пенал во 84.минута, а Немања Босанчиќ со прекрасно изведен слободен удар донесе пресврт во 90.минута. Но, и тоа не беше се.
Филип Алексовски во 92.минута израмни на 2-2, а во последната минута беше досуден уште еден пенал што го реализираше Алтипармаковски за конечни 2-3.

Вардар со 1-0 ја совлада Беласица и остана во живот за опстанок. Виктор Крстевски во 31.минута го постигна победничкиот гол за вардарци, а Беласица од 64.минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Христијан Чукарски.

Пелистер со 1-0 ја совлада Ренова. Омар Гудијаби во 24.минута ја затресе мрежата на Ренова, а Давор Талески во вториот дел успеа да одбрани пенал. Тој го скроти ударот на Ален Јашароски од белата точка во 57.минута, а потоа интервенираше феноменално и од вториот обид кога шутираше Ненад Мишковски.
ПРВА ЛИГА, 29. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ 3-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-3
ВАРДАР – БЕЛАСИЦА 1-0
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2-0
ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА 1-0
ВЧЕРА: СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе
