
Македонските претставници во натпреварувањата на УЕФА имаа очаен настап оваа сезона, единствено Шкупи забележа една победа и малку го обели образот. Поради слабите резултати, постои можност од 2023 година македонскиот првак да игра и претквалификации во Лигата на шампионите.
УЕФА го објави рејтингот на клубовите, а таму Шкендија и понатаму е најдобриот македонски тим, рангиран на 133.место. Вардар, кој оваа сезона е второлигаш, поради добрите резултати од минатото, е позициониран на 288.место, а на трет според ранкингот од македонските клубови е Шкупи (330).
Потоа следуваат Силекс (367. место), Работнички (370.), Ренова (382.), Македонија ЃП (383.), Академија Пандев (383.) и Пелистер (385.).


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski