Connect with us

Шкендија ќе слави титула, Седлоски и Влахо ќе се надмудруваат во Скопје

Шкендија има огромна предност, апослутно ја заслужи шампионската титула, а по денешното коло трофејот и официјално треба да биде верификуван. Тимот на Ернест Ѓока го пречекува Борец и со успех ќе ја завери титулата. Не зависи од дуелот во Скопје меѓу Шкупи и Работнички каде поранешните соработници Гоце Седлоски и Александар Влахо ќе се надмудруваат од различни клупи.

Бесарт Ибраими и Дашмир Елези се враќаат во тимот, Ернест Ѓока ќе седне на клупата, а во составот на Шкендија ќе ги нема Јан Кривак и Антонио Павиќ поради пет жолти картони. Но, Ѓока има широк ростер на располагање. Борец има 33 бода и се уште го нема осигурано опстанокот, па велешани ќе се обидат да „грабнат“ барем бод од Тетово.

Во Скопје, на комплексот на ФФМ, нов дуел на Шкупи и на Работнички. Овојпат интересно ќе биде надмудрувањето на тренерите Гоце Седлоски и Александар Влахо. Беа победнички тандем во Вардар, работеа заедно и во Рига и во Динамо Загреб, а сега на спротивставени страни во Шкупи и во Работнички.

„После осум години заедничка соработка, со една година пауза, ќе биде малку чудно да не бидеме на иста клупа, туку на различни страни со Гоце Седлоски. Минавме одличен период заедно, освоивме титули, имавме и меѓународни проекти и секако дека и двајцата знаеме многу добро како размислува другиот на фудбалски план. Но, сепак, не е ова дуел на Седлоски и на Влахо, туку на теренот ќе играат фудбалерите на Работнички и на Шкупи. Верувам дека ќе биде тоа отворен и допадлив натпревар, познавајќи го начинот на работа и карактерот на Седлоски сигурно дека тимот на Шкупи ќе биде максимално мотивиран за триумф. Истото е и со Работнички, сакаме да продолжиме со добри игри и успешни резултати, а и двете екипи немаат некој посебен психолошки товар и тоа може да придонесе за уште подобар фудбал. Подготвени сме, во составот се враќаат Кристијан Стојковски и Петар Петковски, а единствено ќе ни недостигаат Методи Максимов и Фахрудин Ѓурѓевиќ“, изјави Александар Влахо пред денешниот дуел.

Во Битола, Пелистер ја пречекува Ренова, Вардар нема друг избор за да ја продолжи надежта за опстанок освен да ја победи Беласица, а во Ѓорче Петров има битка за Европа меѓу Македонија ЃП и Струга Трим Лум.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови