Шкендија го совлада Вардар со 1-0 во Тетово и се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија. На реваншот во Тетово, Агим Ибраими беше човек на одлука во 74.минута од натпреварот, а овој триумф беше доволен за актуелниот првак да се пласира меѓу осумте најдобри екипи во националниот Куп, откако првиот меч во Скопје заврши 2-2.
Работнички беше убедлив и со 4-0 го совлада Пелистер пласирајќи се во четвртфиналната рунда. Себастијан Херера погоди од пенал во првото полувреме, Иван Марковиќ беше стрелец на вториот гол за „романтичарите“, Стефан Јевтоски го постигна третиот погодок, а Давид Тошевски од белата точка го постави конечниот епилог.
Брегалница ја елеиминира Македонија ЃП. На реваншот во Ѓорче Петров одигра без голови, чувајќи ја минималната предност (1-0) од првиот дуел во Штип.
Шкупи ремизираше во Кратово (1-1) против Силекс и поради гол постигнат во гости продолжува понатаму во најмасовното натпреварување. Марин Јурина беше стрелец на голот за Шкупи во 72.минута, откако во првиот дел кратовци во предност ги доведе дарко Додев со прекрасен удар од 30 метри.
Академија Пандев и вторпат убедливо го совлада Осогово, со 1-4. Струга Трим Лум го победи Борец со 1-0 и обезбеди пласман во следната фаза. Во четвртфиналето е и Лабуништа, која и вторпат славеше против Охрид, овојпат со 2-3.
КУП, 1/8 ФИНАЛЕ – РЕВАНШИ
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 1-0 (2-2)
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 0-0 (0-1)
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 4-0 (1-1)
СИЛЕКС – ШКУПИ 1-1 (0-0)
ОСОГОВО – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-4 (0-3)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БОРЕЦ 1-0 (0-0)
ОХРИД – ЛАБУНИШТА 2-3 (0-2)
Во заграда се резултатите од првите мечеви
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













