
Актуелниот првак Шкендија доведе нов напаѓач. Како што веќе најави МАКФУДБАЛ, албанскиот интернационалец Синдрит Гури е новото име во нападот на Шкендија и замената за Бесарт Ибраими. Тој потпиша едногодишен договор со Шкендија, со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Синдрит Гури доаѓа како слободен агент, откако претходно го раскина договорот со белгискиот клуб Остенде. Пред тоа, Гури играше во албанската Суперлига каде беше дел од екипата на Кукс и постигна 21 гол на 17 натпревари.
„Кога дознав дека можам да дојдам во Шкендија, веднаш добив желба што побрзо да дојдам во Тетово и да потпишам. Многу сум среќен што ќе се приклучам на тим како Шкендија која има армија свои навивачи. Мислам дека ова е вистински момент во мојата кариера да дојдам во клуб кој игра напаѓачки фудбал. Знам дека Шкендија е актуелен шампион и има амбиции и оваа година да се бори за титулата“, изјави Синдрит Гури за официјалниот сајт на Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
