
Шкендија го доби дербито против Шкупи во Тетово со 2-0 и држи победнички чекор заедно со „петорката“ која веќе се издвојува со амбиции за највисок пласман по 16 кола во Првата фудбалска лига. Победија и Гостивар, Силекс, Работнички и Струга Трим Лум.
Аденис Шала во четвртата минута донесе водство за Шкендија, а Бесарт Ибраими го потврди триумфот со погодокот во 62.минута. Тоа е петти последовен пораз за Шкупи во шампионатот.
Гостивар го победи Вардар со 0-2 на Националната арена „Тодор Проески“. Асане Дијата во 63.минута постигна одличен гол и донесе три бода за гостите. Во 87.минута, Дијата имаше продор по десната страна, асистираше до Иван Ивановски кој погоди за конечни 0-2.
Силекс и со играч помалку ја декласира Воска Спорт со 4-1. Ѓорге Џеков доби црвен картон во 33.минута, но тогаш Силекс веќе имаше водство од 1-0 со голот на Дарко Додев во 23.минута. Леонид Игнатов во 66.минута зголеми на 2-0, а потоа Воска возврати со погодок. Сепак, до крајот, стрелаа и Алиќ и Донов за конечни 4-1.
Работнички славеше со 0-2 во Кавадарци и го остави Тиквеш на дното. Атдхе Мазари со два гола беше играч на натпреварот. Тој погоди во шестата минута за предност за „романтичарите“, а потоа и уште еднаш во 36.минута.
Шампионот Стртуга Трим Лум со 1-0 го победи Пелистер. Стрелец на победничкиот гол беше Ланре Кехинде во 18.минута од дуелот.
Брера оствари триумф на гости против Беса во Гостивар со 0-1. Роџерс Мато го одлучи победникот со погодокот во 61.минута.
ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 2-0
БЕСА – БРЕРА 0-1
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-2
СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ 3-1
СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 1-0
ВАРДАР – ГОСТИВАР 0-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski