
По многубројните поплаки од играчите, но и од репрезентациите кои во последно време се испратени до ФИФА поради наводно лошо судење, познато е кој ќе го суди финалето на Светското првенство.
Станува збор за Шимон Марчинијак, кој на овој Мундијал судеше два меча, а интересно, еднаш и судеше на Аргентина и еднаш на Франција.
На Аргентина и судеше Марчинијак на натпреварот против Австралија, кој Аргентинците го победија со 2-1, а притоа тој покажа два жолти картони.
Интересно идентичен резултат имаше и на натпреварот меѓу Франција и Данска, кога Французите победија со 2-1, а притоа Марчинијак покажа три жолти картони.
Марчинијак судеше многу важни натпревари во минатиот период, а има голема доверба од челниците на ФИФА и на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
