Словенечкиот репрезентативец Бењамин Шешко, напаѓач на Лајпциг, ја прифатил понудата од Манчестер Јунајтед и наскоро се очекува да стане нивен играч. Денови наназад се шпекулираше околу трансферот на напаѓачот и изгледа дека тој е блиску до преселба на „Олд Трафорд“.
Според информациите на германскиот „Скај спортс“, Шешко позитивно одговорил на понудата на Јунајтед. Останува „црвените ѓаволи“ да се договорат со Лајпциг околу висината на трансферната сума. Во моментов таа изнесува околу 64 милиони фунти, односно приближно 74 милиони евра, а Словенецот, според сè, сака токму преселба во црвениот дел на Манчестер.
Се разбира, сè уште сето тоа е на ниво на желби. Менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, силно посакува да го доведе Шешко и неодамна истакна дека сака Словенецот да игра за „црвените ѓаволи“.
„Тие треба да сакаат да дојдат тука. Мислам дека она што можеме да го направиме за навивачите е да сакаме играчи кои веќе се докажале“, изјави Рубен Аморим.
Што се однесува до статистиката на Шешко, Словенецот има постигнато 39 голови во сите натпреварувања во последните две сезони за Лајпциг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













