Connect with us

Шалке го тргна „Газпром“ од својот дрес

Раководството на фудбалскиот клуб Шалке по нападот на руската армија врз Украина веднаш реши да го отстрани спонзорот „Газпром“. Руската компанија за гас со години е силен спонзор на Шалке, а нивното лого е втиснато на дресот на тимот од Гелзенкирхен. Но, од денеска веќе не е така.


Шалке реши да го избрише натписот на својот спонзор во знак на солидарност со украинскиот народ кој беше нападнат од Русија. На овој начин сакаат да покажат дека се против какви било вооружени напади.

Растот на Шалке беше одбележан во ерата на „Газпром“, кој дојде во клубот во 2006 година, а покрај испаѓањето на овој тим од Бундес – лигата минатата сезона, тие не сакаа да се откажат и останаа главен спонзор.

Несомнено, од финансиски аспект, Шалке ќе претрпи големи промени, бидејќи актуелниот договор потпишан во 2021 година беше со важност до 2025 година, според кој германскиот клуб би заработувал 10 милиони евра по сезона.

Во моментот член на Шалке 04 е македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови