Раководството на Севилја одлучи да се раздели со тренерот на тимот Хорхе Сампаоли, соопштија од клубот. Причина за отказот на аргентинскиот стручњак е незадоволителниот настап на Андалузијците во Ла Лига.
Иако тимот добро се движи во Лигата на Европа, каде во четвртфиналето ќе го пречека Манчестер Јунајтед, тимот продолжува со лошите настапи во првенството. Севилја загуби со 2-0 од Хетафе изминатиот викенд и има само една победа во последните пет натпревари во Ла Лига, останувајќи опасно блиску до зоната за испаѓање.
„ФК Севилја го раскина договорот со тренерот Хорхе Сампаоли по поразот на тимот од Хетафе, кој нѐ врати на работ на местата за испаѓање. Фактот што тимот не може да се извлече од дното на табелата откако тој го презеде и имиџот што го понуди во последните неколку натпревари на тимот го натера клубот да ја донесе оваа одлука, барајќи реакција во последните дванаесет натпревари, кои остануваат до крајот на Ла Лига“, соопштија од Севилја.
ℹ️ Jorge Sampaoli deja de ser el técnico del #SevillaFC. #WeareSevilla
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) March 21, 2023
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













