Connect with us

Севилја го назначи Мендилибар за нов тренер

Шпанскиот прволигаш Севилја го назначи Хозе Луис Меидилибар, откако претходно се раздели со Хорхе Сампаоли. Баскискиот стратег потпиша договор до крајот на сезоната, а ќе се обиде да освои трофеј во Лига Европа. Секако, приоритетна цел на клубот во оваа ситуација е да обезбеди опстанок во Ла Лига.


За време на својата долга тренерска кариера, 62-годишниот стручњак водеше тимови како Еибар, Атлетик Билбао, Валјадолид, Осасуна и Леванте, а до неодамна беше на кормилото на Алавес.

Мендилибар има огромно искуство во шпанскиот фудбал, со вкупно 448 натпревари во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови